А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Лидерите на ЕУ бираат кандидат за претседател на Еврокомисијата

by А1он27/05/2014 - 20:0395
Share0

Првите луѓе на ЕУ веччерва на неформална средба во Брисел се очекува да го утврдат кандидатот што Европскот совет ќе му го прелдожи на Европарламентот за иден претседател на Европската комисија, јави дописникот на МИА од белгискиот главен град.

Добивај вести на вибер

Претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите оцени дека се ќе зависи од консултациите што Советот ќе ги има со политичките партии во Европарламентот, додавајќи дека наследникот на Жозе Мануел Барозо ќе биде избран заеднички.

– Се е можно. Сите кандидати се квалификувани за оваа должност, но Советот ќе се консултира со Европскиот парламент, не само во однос на имињата на кандидатите, туку и за приоритетите на Еврокомсијата, со цел да бидеме сигурни што таа ќе работи следните пет години, па потоа ќе говориме за кандидатите и за нивните програми. Факт е дека овие европски избори беа повик за будење, но ние секогаш не се будиме на време. Поради кризата и економската ситуација, резултатот беше предвидлив, но факт е дека проевропскиот процес е на место ако се видат целосно резултатите, истакна Грибаускаите.

Пред вечерата во Советот, попладнево се сретнаа и лидерите на најголемите политички партии во Европарламентот: Европската народна партија (ЕПП), Партијата на европските социјалдеморкати (ПЕС) и Алијансата на европските либерали и деморкати (АЛДЕ).

Елмар Брок, претседател на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, по овој повод истакна дека европските договори јасно даваат до знаење дека Европарламентот го бира следниот претседател на Европската комисија.

– Советот дава предлог врз основа на резултатите на европските избори и по консултација со Европарламентот. Се надевам дека шефовите на земјите-членки ќе ја прифатат одлуката на гласачите, посочи Брок.

Според денешната одлука на Конференцијата на претседателите на политичките партии во европскиот законодавен дом, Жан-Клод Јункер како кандидат на ЕПП, која освои најмногу мандати во новиот состав на Европарламентот, прв го има мандатот да се обиде да обебзеди мнозинство за да биде избран ан чело на Европската комисија.

За тоа се потребни 376 гласа од вкупно 751 член во Европарламентот, за што ќе биде потребно да се формираат големи коалиции и договори, во што влегува и местото претседател на Европскиот совет, позиција на која е Херман ван Ромпуј, како и функцијата прв човек на Парламнетот, кој во случајов е Мартин Шулц, кој е и кандидат за претседател на Еврокомисијата.

Конститутивната седница на новиот состав на Европскиот парламент, на кога се очекува да биде избран нов парламентарен спикер, но и челник на Комисијата, е закажана за 1 јули во Стразбур.

eu

Би можело да ве интересира

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

Горан Наумовски28/10/2025 - 13:50

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски27/10/2025 - 20:0927/10/2025 - 20:46

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Горан Наумовски24/10/2025 - 13:16

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Горан Наумовски24/10/2025 - 11:57

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија

Горан Наумовски24/10/2025 - 10:43

Евростат: Невработеноста на пазарот на Европската Унија изнесува 11,7 отсто

Горан Наумовски24/10/2025 - 07:1424/10/2025 - 07:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен