ДОМ-ЛДП: Потребна е една изборна единица со отворени листи

Од:

Лидерите на ДОМ и ЛДП, Лилјана Поповска и Горан Милевски, на средба во Битола разговараа за хаосот во избирачкиот список и се согласија дека само со кредибилен список може да се одржат кредибилни избори.

Изразија загриженост поради ноншалантноста на ДИК со која тврди дека за 7 дена ќе ги провери спорните гласачи, иако нема согласност колку изнесуваат – дали се 340.000, 230.000 или 80.000? Се согласија дека со непречистен избирачки список и нерегулирани медиуми не се создадени елементарните услови за фер и демократски избори во јуни.

И ДОМ и ЛДП имаат изградено јасен став дека за целосна демократизација на земјата ќе биде потребна промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство