ЛиДеМ со Резолуција за Кочани – мирни протести, слободни од политички влијанија и притисок

Од:

Со 98% од гласовите на присутните на Пролетниот конгрес на европската либерална младина, одржан во Загреб, е поддржана Резолуцијата за трагедијата во Кочани, поднесена од македонската Либерално-демократска младина (ЛиДеМ).

Делегатите на конгресот, кој оваа година се одржува во Загреб од 4 до 6 април и е во организација на Европската либерална младина (LYMEC), со гласањето „ЗА“ резолуцијата на ЛиДеМ, упатија апел за мирни и достоинствени протести, со должна почит кон настраданите, слободни од политичко влијание и притисок, како и за транспарентна истрага и одговорност од сите засегнати страни.

ЛиДеМ во својата Резолуција повикува и на подигнување на тн. „Парк на Корупција“ на местото каде што беше ноќниот клуб „Пулс“, како потсетник за цената која што ја плаќаме кога корупцијата и небрежноста излегуваат од контрола.

Либерално-демократската младина, како подносител на оваа Резолуција, изразува искрено сочувство до фамилиите на жртвите и нивните најблиски и им посакува побрзо закрепнување на повредените.

Воедно, ЛиДеМ упати и искрена благодарност до нашите либерални пријатели низ Европа, кои ја препознаа важноста на оваа резолуција и ја дадоа својата поддршка во клучните моменти.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

Половина милион луѓе протестираа против екстремната десница во Лондон, тврдат организаторите

А1он

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ