„Младите се ЗА прогресивно општество!!! Младите се ЗА подобра сегашност и просперитетна иднина овде во Р. Македонија.
Младите се ЗА европска Македонија.
Затоа ние младите на 30 септември да излеземе и да гласаме ЗА референдумското прашање.
Во новоизбраниот претседател на СДММ – Дарко Каевски, гледам енергичност и јасна визија. Во овој историски момент за Република Македонија заедно со него и со сите прогресивни подмладоци на политичките партии, да покажеме зрелост и младешка храброст и да се определиме за вистинскиот пат, а тое е членство во НАТО и ЕУ.
Затоа се надевам на отворена и искрена соработка помеѓу ЛиДеМ, СДММ и останатите политички подмладоци.
Сакам да ја искористам оваа прилика и да му заблагодарам на Стефан Богоев за искрената соработка, истрајност и посветеност во досегашната заедничка работа и да му посакам многу успеси кои допрва му претстојат и да му честитам на новоизбраниот Дарко Каевски и да му посакам успех пред се во заедничката борба за подобар живот на младите“, се вели во писменото соопштение на ЛиДеМ.