Моника Зајкова: Тажно е што кадрите на Груевски, се обидуваат да го „вадат од кал” својот поранешен лидер

Од:

Актуелниот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација Александар Даштевски, инаку познат како експерт кој ги бранеше политиките на Груевски, по 5 месеци одговори дека ја одбива поднесената пријава од Моника Зајкова, претседател на ЛиДеМ, против екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски.

Еве што објави Моника Зајкова:

„По пробивање на објективниот рок од 90 дена за давање на мислење по поднесена претставка за сторена дискриминација, денес по речиси пет месеци од поднесувањето на претставката го добивме очекуваниот одговор. Имено Комисијата за заштита од дискриминација без да даде јасно образложение, кое би се засновало на факти, утврди дека не е сторена дискриминација.

На 25.12.2017 година како припаднички на женскиот пол до Комисијата за заштита од дискриминација поднесовме претставка по повод споредбениот пример кој Груевски го даде во својата изјава во Валандово, а со која ги навреди студентките.

Со ваквата изјава, Груевски изврши директна дискриминација заснована на пол, но воедно и навреда на студентките во Македонија. Директната полова дискриминација се јавува кога одредено лице е понеповолно третирано од останатите врз основа на полот, односно било или ќе биде изложено на ситуација на неповолно споредување. Со тогашната дискриминирачка изјава на Груевски беше повреден членот 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Потсетувам оваа претставка не беше политика, оваа претставка пред се ја поднесовме како личности од женскиот пол, сметајќи дека за вакви изјави се сноси не само јавна туку и правна осуда и одговорност.
Оттука останува нејасно зошто Комисијата за заштита од дискриминација сеуште го штити Никола Груевски?!? Срамно е да се штитат изјави со кои се потценува вредноста на женскиот пол. Срамно е да се штити човекот кој е родител на две ќерки, а студентките ги илустрираше како сексуален објект. Срамно е што ваква институција која треба да е независен орган во функција на заштитата од дискриминација, после пет месеци непостапување по предметот, повторно се стави во функција на заштита на Груевски. Комисија која се бори против дискриминација, треба да препознае дискриминација и во вакви изјави. Насилството започнува со лош збор, лоша мисла и дискримимација. Тажно е што кадрите на Груевски, со последните сили се обидуваат да го „вадат од кал” својот поранешен лидер“.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Младите либерали ги предизвикаа врсниците да направат маска и да се заштитат од Ковид-19

Ана Ололовска

Зајкова до Стоилковски: Не на груевистичкиот, шовинистички и крајно мизерен однос кон жените!

Ана Ололовска

ЛиДеМ: Младите се ЗА просперитетна иднина овде во Република Македонија

Ана Ололовска

ЛиДеМ: Повеќе Канцеларии за млади, повеќе проекти, повеќе млади во Македонија

Наум Локоски

ЛиДеМ со поддршка сите лице слободно да ја изразат својата сексуална ориентација и родова припадност

Наум Локоски

Зајкова: Никој не смее да биде осудуван доколку поседува одредена количина канабис за лична употреба

Наум Локоски