ЛИДЕМ: Дволично е Коце да им фрла „трошки“ на студентите

Од:

ЛДП и ЛИДЕМ бараат бесплатен превоз за студентите за времетраење на наставната година од септември до јуни, секој работен ден. Смешна е иницијативата на градоначалникот Коце Трајановски да се воведе бесплатен студентски превоз само во четврток. Ова е само делумно и недоволно прифаќање или копирање на дел од иницијативата на ЛДП и ЛИДЕМ.

Да потсетиме, Либерално демократската младина-ЛиДеМ, поддржана од советничката група на Либерално демократската партија-ЛДП во Советот на Град Скопје уште во 2010 година, поднесе инцијатива за воведување бесплатен превоз во градот Скопје за сите редовни студенти на приватните и државните универзитети.

Оваа наша инцијатива наиде на масовна поддршка кај студентите, но и кај пошироката јавност. Во тој период, нашата иницијатива беше поддржана и од советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје. За жал, владејачкото мнозинство во Советот, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, како и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, немаше слух за оваа иницијатива, која е од интерес на студентите. Mинатата година, ЛДП заедно со останатите советници од советничката група на Сојузот за иднината повторно поднесе иницијатива за бесплатен студентски превоз, но за жал, владејачкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, повторно не ја прифатија оваа иницијатива.

ЛДП и ЛИДЕМ сметаат дека дволично е Трајановски по четиригодишно тврдоглаво одбивање на оваа иницијатива, на студентите да им фрла “трошки” . Нашата иницијатива за бесплатен превоз на студентите секој ден и во време на наставната година, се темели на анализа на буџетските трошоци на Градот Скопје, преку која се дојде до сознанија дека бесплатниот превоз за студенти нема да биде големо оптоварување за Градот, а не треба да се заборави дека значителен дел од студентите во главниот град се од други места, кои придонесуваат во локалната економија преку плаќањето кирии, сметки за храна и слично.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он