Лице од Скопје осомничено за полов напад врз 12-годишно девојче

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Наводно осомничениот, на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ во Скопје извршил полови дејствија врз дете на возраст од 12 години.

Тој жртвата, инаку негово вонбрачно дете со кое живеел во иста семејна заедница, ја зел во возило со изговор дека ќе ја носи во училиште, но ја однел во напуштениот објект, каде ја принудил на полови дејствија.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и особени околности кои го оправдуваат стравот дека би можел да го повтори делото.

 

Би можело да ве интересира

23-годишник сексуално злоставувал петгодишно девојче

Катерина Ѓуровски

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Разбојништво во Скопје: го претепале за да му земат 8.800 денари

Од цел регион се собирале за борбите со кучиња во битолско, на странците да им се суди во отсуство бара Обвинителството

Обвинителството ги гони организаторите на борби со кучиња во битолско, Косовец и Грк се во бегство

Катерина Ѓуровски

Украле кабли од „Железара“ и направиле штета од 440 илјади евра