Лица во полициска униформа со пораки „Ако ве зачекам после девет, пендрак и десет години робија“

Од:

Две лица облечени во полициска униформа се фотографирале, а потоа на објавата споделена на социјалните мрежи пишале „Седете дома клошари“. Друг лице, пак, фотографиран пред огледало пишал „Единицата формирана, ако ве зачекам после 9, пендрек и 10 години робија… казна нема“. Сите фотографии споделени по социјални мрежи наидоа на жестоки реакции од граѓаните поради пораките кои се испишани на нив.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека го проверуваат случајот, по што ќе информираат дали станува збор за вработени кај нив. Но, оттаму велат дека и да станува збор за граѓани кои се фотографирале во полициска униформа, следуваат санкции.

Сепак, „А1он“ од извори во министерството дознава дека идентификуван е еден од трите лица кој е полицаец, а тој пак, ќе треба да посочи кое е лицето со него на сликата, за потоа да се утврди во која единица при МВР работат. За нив следува санкција од Одделот за внатрешна контрола.

Со ваквата постапка, доколку станува збор за полицајци, тие го прекршиле Кодексот на полициската етика, кој се должни да го почитуваат.

Нивните фотографии кои биле објавени на личните профили на социјалните мрежи, сега се споделуваат по приватни профили каде се осудува нивната постапка.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник