Либерти Скопје: Нашето работење не е причина за загадувањето на Вардар

Од:

Либерти АД Скопје денеска соопшти дека нивното работење не е причина за овонеделните објави за загадување на реката Вардар.

– Компанијата спроведе сеопфатна ревизија на својата постројка за третман на отпадни води и може да потврди дека непрестајно работи во рамки на сите релевантни параметри, без проблеми. Исто така, прегледани се и редовните мерења кои континуирано се спроведуваат, кои и понатаму се далеку под ограничувањата утврдени во работната дозвола, се вели во соопштението

Овие мерења, како што се наведува, беа потврдени и од страна на инспекторот со извршениот инспекциски надзор.

Државниот инспекторат за животна средина вчера соопшти дека по добиена дојава за загадување на Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база – Бетон, направиле увид на посочената локација. Со непосредниот инспекциски надзор утврдиле дека водата е со црвена боја и веднаш биле земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа кои се однесени во акредитирана лабораторија и е во тек нивно испитување. Оттаму информираа дека е извршен вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје, ул.„16 Македонска бригада“ б.б.

-Во момент на надзорот погонот Лужилница не беше во работен режим, односно производниот процес беше целосно сопрен. Погонот е запрен со работа на 10 јули во вечерните часови. При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим и од пречистителната станица истекуваат 210 литри на час отпадна вода која е безбојна. Исто така е извршен визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 кубни метри на час. Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода, соопшти вчера Државниот инспекторат за животна средина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто

Кузеска: Власта да не го игнорира загадувањето, да ги прифати и да ги реализира мерките на СДСМ

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

СДСМ предлага серија на итни мерки за борба против загадениот воздух

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица