Левица: Згрозени сме од нечовечкиот повик на премиерот за веселба веднаш по солзите на мајките од Кочани

Од:

Во неверување сме од крајно несоодветната и нечувствителна изјава на премиерот Мицкоски, дадена по излегувањето од седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – седница на која зборуваа родителите на трагично загинатите деца од Кочани. Наместо емпатија, обврска и чувство на одговорност, Мицкоски порача дека треба да се веселиме и да зборуваме за убави работи, велат од Левица.

– Всушност, побара, македонскиот народ на којшто пред само неколку месеци му се случи ужасна трагедија од светски размери, македонскиот народ кој сѐ потешко живее – да се однесува шизофрено, делузионално, како што тоа го прави власта на чело со ДПМНЕ.

Мицкоски побара од народот во земја завиена во црно, да ги игнорира секојдневните скандали, стравови и опасности по безбедноста и животот… и тоа веднаш по солзите на мајките, нивните траорни сведоштва и барања. Наместо да покаже државничка зрелост, на утажените родители и на македонскиот народ да му влее надеж, да го утеши со слух и подигне со акција за вистинска промена на системот – тој порача дека наместо да се создава темнина, треба да се зборува дека пред три дена во Скопје во 14:00 часот имало почист воздух од Виена.

Родителите ги разобличија лагите коишто владата на ДПМНЕ ги пласираше во јавноста по кобната ноќ во Кочани, за наводна еднократна финансиска помош – тие потврдија дека немаат добиено ништо од Владата. На ова, Мицкоски наместо да се засрами и веднаш да иницира ваква помош, фактички одговори дека и понатаму нема намера да пружи финансиска помош и поддршка. На барањето за законски измени, тој ноншалантно, незаинтересирано и ладно одговори дека не добил барање во владата и дека тоа може да си го направат пратениците доколку сакаат.

Накратко, Мицкоски не се воздржуваше да прикрие дека на седницата дошол безволно, по притисок на јавноста откако одгатна дека неприсуството ќе го чинеше многу (иако ден пред седницата за медиумите изјави дека нема да присуствува). Па така, тој арогантно изјави дека не чул ништо ново, всушност, дека само изгубил време. Не криеше дека присуствувал само поради удобноста на неговата фотелја, а не за да се исполни целта на оваа Комисија, да се преземат мерки, да се иницираат законски измени и системски промени, да отвори очи, да развие емпатија и преземе мерки.

Минимумот којшто требаше да го направи премиерот кој неодамна вети дека ќе си даде оставка доколку се утврди каква било поврзаност на ДПМНЕ со агенцијата за обаезбедување (за што подоцна се утврди силна поврзаност), беше да изјави дека ќе постапи по барањата на родителите и да го разреши барем обвинетиот министер, Шабан Салиу, кој во судот се појавува со службено возило. За жал, македонската јавност не беше сведок на апсолутно ништо вакво.

Колку и да се обидува да ја релативизира и заташка трагедијата, Мицкоски не може да избега од фактот дека секоја негова ароганција и неодговорност, ја продлабочува недовербата. А кога народот ќе ја изгуби довербата – насилниот оптимизам нема да ја врати, се вели во соопштението од партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мојсоска: Трагедијата во Кочани е резултат на системски пропусти , а не „несреќа“

(ВИДЕО) Исмаил: Недостаток на институционален капацитет води кон повторување на трагедиите

Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија каде ќе се обратат родителите од Кочани

Томовски фатен во лага – негов близок другар е управител на фирмата која добила милионски тендери, тврди Левица

Левица: Владата во служба на финансиските елити – рекордни добивки за банките, беда за народот

А1он

(ВИДЕО) Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани

Горан Наумовски