Левица: Затворена кардиохирургија без да обезбеди алтернатива – оставка на Таравари!

Од:

Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност и оставка на министерот Таравари. Иако Таравари упорно манипулира со јавноста, фактите се јасни и потврдени во извештајот на Државниот здравствен инспекторат, велат од Левица.

„Односно, министерот Таравари поради реконструкција ја затвори единствената сала на Клиниката за кардиохирургија, без да обезбеди соодветна алтернатива кај приватните болници, кои инаку добиваат мегаломански суми од Фондот за здравство. Да се затвори болница која изведува операции на пациенти во животно-загрозувачка состојба и притоа да не се менаџира соодветна алтернативна, е ништо друго освен крајна неспособност и неодговорност, која заврши со изгубен живот на пациент.

Од однесувањето на Таравари може да се заклучи дека министерот или воопшто не е информиран што се случува на клиниките или свесно ги остава да тонат, со оглед на тоа што министерот не знаеше дека на клиниките нема ниту набавени стентови. Таравари, бегајќи од одговорност, не даде ниту одговор каде да се оперира пациент со истата дијагноза на пациентот кој почина на Клиниката за кардиохирургија.

И ова не е изолиран случај, туку целокупната работа на министерството за здравство е проследено со скандали, некомпетентни кадровски решенија и сомнителни тендери за провизии. Потсетуваме дека министерот Таравари минатата недела манипулираше дека има лекови за онколошките пациенти, за потоа самиот да биде демантиран од директорот на Фондот за здравство дека поради тендер, повторно доцнат лековите.

Ноншалатното однесување на Таравари, кој неколу дена избегнува да даде одговор зошто не било соодветно изменаџирано затворањето на салата на Клиниката за кариохирургија, не смее да помине без одговорност. Не смее власта на Мицкоски да го штити катастрофалното работење на Таравари заради мир во коалицијата, која чини изгубени животи на пациенти. Левица бара итна и неотповиклива оставка на министерот за здравство Таравари“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крмов: Млекарниците ги уценуваат сточарите – Владата да гарантира откуп на млекото

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Левица: Братот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски на платниот списокот на Лотарија

А1он

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ