Левица: Заради купување на оружје се кратат пари од ранливите категории

Од:

Нагласеното зголемување на средствата за воените расходи и милитаризација за сметка на намалување на социјалната и еколошката компонента во буџетот е алармантен показател за приоритетите на оваа власт. Буџетот за одбрана и купување оружје од САД, е зголемен за 13%, додека, власта на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ на сопствените граѓани, односно лицата од социјални категории, по одредени параметри им скратува неверојатни 40, велат од Левица.

„Економската стратегија на актуелната Влада не само што е заснована на истиот модел од претходната на ДУИ и СДС, туку одлучи и да крати од ранливите категории. Особено е алармантно што буџетот за социјална заштита за деинституционализација и социјални услуги се намалува за 44,6%, што значи 245,401 денари помалку. За споредба, буџетот во одбраната, достигнува рекордни 20,5 милијарди денари. Ова е класична илустрација на владините приоритети.

Дополнително, додека македонските граѓани дишат најзагаден воздух во Европа, изгорена е шума вкупно 4% од територијата на земјата за само едно лето, во делот за заштита на животната средина, буџетот за квалитет на воздухот е намален за вртоглави 33,1%, што не само што нема да ја подобри ситуацијата, туку и директно ќе нанесе сериозни последици врз здравјето на населението.

Левица направи голем број на амандмански интервенции, каде се предлага алтернативи за поинаква, поефикасна и поодржлива распределба на средствата. Наместо милијардите за воена опрема и вазалско следење на странските насоки за непотребно вооружување, бараме овие ресурси да се пренасочат во фондови за социјална заштита и влог во екологијата, кои имаат егзистенцијално значење за голем дел од населението“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира