Левица: Заложбите на Владата за Охридското езеро се исти како и извештајот во Баку – лажни!

Од:

„Додека владата на СДСМ шири хистерија за надворешни непријатели, локалната мафија со тешка механизација гради директно во водите на Охридското езеро.

Сликата е од градежни активности пред селото Радожда, при што потпорниот ѕид се наоѓа внатре во водите на Охридското езеро. Ова самоволие на партиски моќници е надвор од секаква уставна и законска регулатива и се коси со се она што беше презентирано во Баку од страна на владината делегација. Под притисок на градежната мафија, која со децении е во коруптивна спрега на бизнис-интереси со елитистичките партии на власт, ниту оваа криминална влада на СДСМ и ДУИ не е способна да го заштити јавниот интерес пред јуришот на приватниот капитал“, велат од Левица.

„Токму владата на СДСМ е препознатлива по системското рушење на заедничките добра од народот заради нивна приватизација и капитализирање на олигархијата создадена од нив, пракса која предизвика погубен ефект во секоја сфера од државата. Спроведувањето на (нео)либералните политики целиот овој транзициски период во Република Македонија послужија единствено за распродавање на општествените и природните добра заради интересите на домашниот и странскиот капитал. Ова е причината поради која Охридското езеро денес е во опасност да стане загрозено наследство.

Потребни се радикални системски зафати за санирање на направената неповратна штета на државата, како ревидирање на процесите на издавање на концесии и дозволи за градење, управување со природните богатства од страна на експертски тела наместо од приватни бизниси и градење државна економска политика водена во интерес на мнозинството граѓани, наместо фокусирање на профитабилноста на бизнисите во рацете на малкутемина“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он