А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: Загадувањето на воздухот не е приоритет и на оваа власт

by А1он05/08/2019 - 09:38338
Share0

„Два месеци пред почетокот на грејната сезона, а од владиниот План за чист воздух не е реализирано речиси ништо. Иако планот е прогласен за стратешки приоритет, здравјето на граѓаните по сѐ се чини и не толку приоритетно за власта. Од Владата порачуваат дека во овој момент – девет месеци по објавувањето на планот – се врши контрола на избраните објекти за кои допрва ќе се организира набавка на опрема за енергетска ефикасност, подигнување на зелени урбани површини и секоја друга од ветените, но неисполнети мерки.“, велат од Левица преку соопштение.

Добивај вести на вибер

„Во Македонија секоја година 3000 луѓе го губат животот поради загадениот воздух – убиени за личните и бизнис интереси на великопоседниците во власта и профитерите кои се блиски до нив.

Додека СДСМ предизборно ветуваа кратење на аерозагадувањето во Скопје за 50% и другите градови од 30% до 50% до 2020, до сега нема ниту сериозни акции на оваа тема, а уште помалку резултати. Напротив, тоа што го видовме за време на овој мандат, од еколошка гледна точка е блатантна експлоатација на секој природен ресурс на Македонија, уништување на секоја зелена површина со дивоградба, губење на УНЕСКО статусот на Охридското езеро, депонии кои постојано горат, реа и црни чадови низ општините.

Како и претходната гарнитура, така и оваа владина фела се докажува незаинтересирана за решавање на овој клучен проблем; таа останува фокусирана на интересите и профитот на капиталот, за кој плаќа обичниот граѓанин со неговите здравје и живот. Како што гледаме, дури и она малку и недоволно кое е ветено, нема волја да се исполни кога наместо тоа може да се исполни џебот на приватниот капитал.“, се наведува во соопштението на партијата.

levica

Би можело да ве интересира

Левица: Од калкулации до амнезија, Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:25

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски19/03/2026 - 15:3419/03/2026 - 15:59

Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 13:28

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски17/03/2026 - 17:0617/03/2026 - 17:21

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Горан Наумовски12/03/2026 - 17:22

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен