Левица: Заедно со тужбата од генсекот Рашковски ја очекуваме и неговата оставка

Од:

„После новообјавената бомба, се потврди дека генералниот секретар на Владата не смеел да преговара со компанијата Леонардо околу јавната набавка за М-НАВ, затоа што тендерот сѐ уште не бил комплетиран, но и покрај тој факт Рашковски инсистирал спорниот состанок да се одржи. Во објавената аудио-снимка генсекот јасно констатира дека прават работи кои се предмет на истрага.

Иако Рашковски на одржаната прес-конференција изјави дека немал надлежност да присуствува и да договара тендер за М-НАВ, наводно тоа го правел затоа што бил задолжен од Владата. Како доказ дека тоа му било наложено, на новинарите им беше доставен документ кој е потпишан само од него, но не и записник од седница на Владата на кој му се дава таков налог.

Доколку за владата на СДСМ која наводно се залага за „општество за сите” не беа доволни скандалозните расистички навреди за генералниот секретар да си поднесе оставка, после ваквото очигледно кршење на законските прописи од вториот човек во Владата, единствено што е прифатливо за јавноста е поднесување оставка и отварање кривична постапка од страна на Јавното обвинителство. Наместо да се заканува со кривични пријави и тужби за клевети до поединци и медиуми, крајно време е генералниот секретар да го прочита Законот за Влада и да си поднесе оставка“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица му оддаде почит на Гоце Делчев: Неговото дело да биде водилка за политичко делување, а не само протоколарно чествување

А1он

(ВИДЕО) Левица со Предлог-закон за здравствено осигурување за сите

(ВИДЕО) Крмов: СДСМ во страв од Левица ги кочи измените на Изборниот законик

Казна од 550 евра за лидерот на „Црвена младина“

(ВИДЕО) Левица тврди дека е приведен Андреј Куцуловски поради истакнување знаме на Палестина

Горан Наумовски

Левица: Државата не е способна ниту мизерниот 1% од концесиите да го наплати

А1он