Левица: За зградата што изгоре биле издвоени 80.000 евра за реконструкција во 2019 година

Од:

„Иако измина една недела откако во пожар беа уништени канцелариите и архивата на Државниот инспекторат за животна средина поради несоодветна инсталација, сѐ уште нема никаква најава за одговорност на надлежните кои го дозволиле пропустот. Ваквото ноншалантно однесување на институциите воопшто не изненадува, со оглед на тоа што целиот мандат на оваа Влада беше обележан со сомнителни уништувања на документација – започнувајќи од поплавата во поранешното СЈО до пожарот во Министерството за правда, како и пожарот во поранешниот Завод за урбанизам каде беше трајно уништена значајна документација за градот Скопје“, велат од Левица.

„Скандалозното со пожарот на поранешната Комерцијална банка е фактот што се работи за објекти чие одржување е во надлежност на Службата за општи и заеднички работи при Владата. Изјавата на директорот Пеце Мирчески дека Службата не е надлежна за тековно одржување на административните простории е еклатантен обид за прикривање на неговото неодговорно работење, со оглед на тоа што минатата година, во месец јануари издвоени се пет милиони денари за реконструкција на овој објект каде се сместени просториите на МИА, Секретаријатот за европски прашања и Државниот инспекторат за животна средина.

За реализација на оваа програма надлежна е токму Службата за општи и заеднички работи чиј директор Мирчески не бил ни запознаен дали канцелариите имаат исправна хидрантна мрежа, поради што беше причинета поголема материјална штета и уништена документација на Инспекторатот“, соопштуваат од Левица, од каде очекуваат надлежните органи во наредниов период ажурно да реагираат и да го испитаат работењето на директорот Мирчески, со истата експедитивност како што реагираат за напишани статуси на фејсбук.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он