Левица: Втората одлука на Пендаровски за вонредна состојба е правно недозволив чин на пречекорување на уставните овластувања на претседателот

Од:

Политичката партија „Левица“ поднесе иницијатива за поништување на втората Одлука за утврдување постоење вонредна состојба, донесена од страна на претседателот Стево Пендаровски, со барање за итно изрекување времена мерка за негово запирање од извршување, поради тоа што, како што велат, можат да настанат тешко отстранливи штетни последици по правната сигурност на граѓаните.

„Овој спорен акт е правно недозволив чин на пречекорување на уставните овластувања на претседателот, затоа што тој се темели на иста фактичка и правна ситуација која веќе била причина за прогласувањето на првичната вонредна состојба. Согласно нашиот Устав, одлуката со која се утврдува постоењето на вонредната состојба има важност најмногу 30 дена! Тоа значи дека претседателот можел, во рамките на овие триесет дена, да донесе, на пример, три одлуки од по 10 дена или шест одлуки од по 5 дена и сл., но, никако не може самоволно и волунтаристички да носи нова одлука по истекот на максимално предвидените триесет дена, за дуплирање на овој рок без никаков уставен основ за тоа.

Впрочем, сите досега преземени репресивни здравствени мерки за борба со епидемијата на коронавирусот (карантин, самоизолација, полициски час и сл.) воопшто не зависат од прогласувањето на вонредната состојба – која беше воведена само како механизам за одлагање на изборите. Буквално сите мерки, без исклучок, се преземени и сè уште се преземаат врз основа на Законот за управување со кризи (2005) и на Законот за заштита на населението од заразни болести (2004) – бидејќи ние немаме посебен Закон за вонредна состојба, кој евентуално би се применувал во вакви ургентни состојби.

Дека станува збор за малициозна злоупотреба на вонредната состојба говори и фактот дека над 2/3 од вкупно донесените 120 уредби со законска сила од страна на техничката Влада на РМ, под водство на привремениот премиер Оливер Спасовски – која, патем речено, има стеснет и законски ограничен мандат од 100 дена, само за организирање фер и демократски избори – се диспропорционални владини уредби кои немаат апсолутно никаква функционална поврзаност или логичка врска со борбата против коронавирусот! Овој збунувачки податок оправдано нè тера да си помислиме дали враќањето во нормална состојба е приоритет за оваа преодна Влада или, пак, постојат некои други нетранспарентни приоритети сокриени од очите на јавноста, преку неразумно оптегнување на траењето на вонредната состојба, спротивно на јавниот интерес“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола