Левица во Корча – Албанија: Поддршка за македонското малцинство против бугаризација на Македонците

Од:

На денешната средба одржана во Горица / Корча (Албанија), организирана од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), политичката партија Левица беше претставувана од највисокото раководство – претседателот, проф. д-р Димитар Апасиев и потпретседателот, м-р Реџеп Исмаил – обајцата пратеници во Собранието на Република Македонија.

„Настанот беше посветен на разгледување на Нацрт-стратегијата предложена од претставниците на македонското мационално малцинство во Албанија, насочена кон подобрување на нивната положба и заштита на основните човекови права.

Од страна на делегацијата на Левица беше афирмирано дека цврсто стоиме зад барањата на Македонците во Албанија! Левица нема да остане само на декларативна поддршка – активно ќе се вклучиме со конкретни предлози и сугестии за подобрување на Нацрт-стратегијата, со цел да се создаде сеопфатен документ кој ќе адресира клучни прашања: заштита на македонскиот јазик, унапредување на образованието на мајчин јазик, институционална видливост и економско јакнење на македонските заедници.

Остро се спротивставуваме на агресивната и бескурпулозна дипломатска офанзива на Бугарија во Албанија, која преку политички и социјални уцени и злоупотреба на членството во Европската Унија врши асимилациски притисоци врз Македонците. Овие обиди за бугаризација не се само непријателски кон македонскиот народ, туку претставуваат грубо кршење на основните европски принципи за заштита на националните малцинства. Левица ќе го користи секој дипломатски и парламентарен инструмент за разобличување на овие политики и заштита на македонскиот идентитет.

Македонското малцинство во Албанија, како и во другите соседни земји, е нераскинлив дел од македонскиот народ и неговата заштита треба да биде стратешки и приоритетен национален интерес на Република Македонија. Левица, освен преку партиски ангажман, ќе го искористи и својот капацитет во Собранието на РМ за проактивна политика насочена кон промоција, заштита и унапредување на нивните права, како и следење на имплементацијата на конкретните чекори кои ќе се однесуваат на сите македонскит заедници надвор од границите на нашата држава. Наша цел ќе биде создавање на долгорочна, системска и одржлива политика за заштита на нивните права, културен интегритет и достоинствен живот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По претставка на родителите на загинатите во „Пулс“, Апасиев закажа Анкетна комисија на 9 декември

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Левица побара породилното отсуство да трае 12 месеци, власта го одби барањето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Исмаил: Состојбата е ужасна, 4.000 деца чекаат за упис во градинки во Скопје, во групите има по 40 деца со една негувателка

Левица: Власта ги одби амандманите за прогласување на Кожуф и Огражден за заштитени подрачја

Левица: Власта го одби амандманот за зголемување на противпожарните капацитети

(ВИДЕО) Мециновиќ: Време е да се отвори долгопотребната јавна дебата за суштински измени во Изборниот законик

Горан Наумовски