Левица: Вмровската инспекторка која ја одбрани фалш дипломата на Христовски сега штити сдсмовски кадри

Од:

До Левица пристигнаа информации од свиркачи кои укажуваат на сериозна системска корупција и непостапувањето на институциите при незаконско унапредување во образовниот систем, каде и двете корумпирани партии ДПМНЕ-СДС се координирани за да ги заштитат своите кадри. Според добиените информации, се работи за незаконско унапредување на поранешна советничка на министерката Славјанка Петровска, која е дел и од „Преспа Институтот”, кој произлезе од нелегимитниот Преспански договор, велат од Левица.

„Имено, се работи за Весна Попоска, која иако докторирала во областа на национална и меѓународна безбедност и меѓународни односи, сепак (под силни партиски притисоци!) Попоска е избрана во звање доцент на Универзитетот „Визион“ – Гостивар, во научното поле правни науки, и тоа истовремено во четири различни области. Наместо избор во областа во која докторирала, изборот оди во спротивен правец, што отвора сериозни прашања за законитоста, стручната основаност и политичката позадина на целиот процес.

Наместо констатирање на незаконитостите при назначувањето на овој сдсмовски кадар, просветната инспекторка Соња Зашовска спроведува вонреден надзор и без да ја констатира фактичката состојба, случајот го затвора без утврдени неправилности! Зашовска е познатата корумпирана инспекторка (и блиска до министерката Весна Јаневска) која го заштити директно директорот на АНБ, Бојан Христовски и спротивно на сите законски прописи, констатира дека неговата фалсификат диплома е валидна! Соња Зашовска е и поранешна советничка на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба, па јавноста може да сведочи како вмровски пулени ги штитат незаконските унапредувања на кадрите на СДС, во случајов советничката на Славјанка Петроска, Весна Попоска.

Нашите информации говорат дека е отпочната дисциплинска постапка против инспекторката Соња Зашовска, која се води преку Инспекцискиот совет во Државниот просветен инспекторат. Но, според пристигнатите сознанија, се вршат сериозни политички притисоци за да се затвори овој предмет и по секоја цена да се заштити Зашовска, поради нејзината блискост со министерката Весна Јаневска и поради фактот дека оваа инспекторка е клучен заштитник на директорот на АБН, Бојан Христовски.

Левица будно ќе го следи овој случај на флагрантно непочитување на законските прописи и девалвирање на образовниот систем, а во деновите што престојат, ќе објавиме и дополнителни информации кои ќе ја разобличат трулоста во Просветниот инспекторат, кој единствено делува под партиска директива и послушност. Овој скандал не е исклучок, туку правило, и ја надминува личната одговорност – се работи за организирана институционална шема, во која одредени структури, користејќи административна моќ и политичка заштита, систематски градат паралелен систем во високото образование и јавната администрација, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски го штити Коцевски – Коцевски ги штити вмровските функционери од одговорност за Кочани

Левица: Предизборен поткуп во Пробиштип – Македонци се впишуваат како Роми за наводна социјална помош

(ВИДЕО) Левица поднесе пакет закони за младите и младите брачни парови

Мециновиќ: Горна граница за кирии, поддршка при купување дом, дел од пакет – законите што ги предлага Левица

Левица: Нечовечноста на Владата го остави за министер обвинетиот Шабан Салиу

ЕСМ: Левица манифестира елементарно непознавање на Законот за јавни набавки