Левица: Власта ја партизира и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Од:

Деновиве, во јавноста излезе алармантна информација дека една од најважните државни институции за заштита на правата на граѓаните – Комисијата за спречување и заштита од дискриминација – ќе биде предизборно дополнително партизирана. Имено, за нови членови на комисијата се предлагаат: Флора Кадриу – поранешна пратеничка од Демократската партија на Албанците, Душан Томшиќ – советник во Министерството за труд и социјална политика од СДС и Зекир Абдулов – советник во општина Делчево од партијата ПДПР (коалиционен партнер на СДС), се вели во партиското соопштение од Левица.

„Ова претставува уште едно предизборно вработување на партиска војска и понатамошно картелизирање на сите државни институции од страна на владејачките криминогени партии. Дополнително, со ваквата партизација, се загрозува независноста на ова тело, кое е клучно за заштита на најранливите општествени групи.

И покрај очајно ниската доверба во институциите, криминогените СДС и ДУИ целосно ги узурпираа институциите со неспособен партиски кадар по клиентелистички заслуги, за што говорат и критиките во Извештајот на Европската комисија. Потребна е целосна департизација на јавната администрација, со цел креирање на функционален систем – што може да го реализира само неискомпромитирана нова политичка сила која пркоси на владејачкиот естаблишмент“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он