Левица: Валканите полицајци кои не одговараат за Кочани регрутирани во изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

До Левица пристигаат информации и докази дека ексначалникот на СВР Штип, Дејан Салтировски, и неговиот тогашен помошник и кумашин, Ванчо, коишто на кобната ноќ во Кочани биле забележани пред дискотеката „Пулс“ еден час пред трагедијата, но не презеле никаква акција, се регрутирани во изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, по директна наредба од кабинетот на премиерот Мицкоски. Лицата за кои постојат сериозни индиции дека непрофесионално и неодговорно ги обавувале функциите, а особено на критичната вечер, кога можеле да ја спречат трагедијата – наместо да се соочат со одговорност, денес се дел од партиската изборна машинерија на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на локалните избори, велат од Левица.

„Потсетуваме дека пратениците од Левица поднесоа Кривична пријава против Мицкоски за Попречување на правдата, каде што Салтировски е меѓу посочените функционери коишто се спасија од истрага. Сомнежите дека Мицкоски, во дил со, до пред трагедијата критикуваниот, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, успеал да испазари имунитет за вмровски кадри вклучени во случајот се продлабочуваат.

Јавно прашуваме и кој е исходот од таинствениот мито-тефтер на Дејан Јованов – Деко? Дали на него се испишани имињата на Салтировски и Ванчо и дали затоа рацијата започнала еден час подоцна од планираното, т.е. од моментот кога тие се забележани пред дискотеката на смртта?

Потсетуваме и на директните лични односи на одговорниот началник на СВР Штип за време на трагедијата, Дејан Салтировски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Имено, постојат информации дека за време на претходната власт, Дејан Салтировски како вработен во гранична полиција на полицајците им нудел потпишано полномошно од тогаш, адвокатот Панче Тошковски. Тошковски сѐ уште нема одговорено дали заедно со Салтировски биле дел од шема за испумпување пари од МВР преку спорови.

Салтировски, денес, и покрај фактите и тежината на сомнежите за вмешаност во корупцијата која придонесе до трагедија од светски размери – вратен е на неговата претходна позиција во граничната полиција, без да биде поведена каква било постапка и истрага. Левица нема да дозволи оваа трагедија да се претвори во уште еден заташкан случај! Ќе продолжиме со сите расположливи механизми да бараме одговорност – и за трагедијата во Кочани, и за структурниот криминал кој убива и ја разјадува државата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“, родителите на починатите во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски се претставува како патриот, а го издигa иредентистот Касами кој јавно негира македонски национални симболи

А1он

Левица: Дали „универзитетот” на Мерко е легализирана дивоградба со намена семејна куќа?

Катерина Ѓуровски

Левица: Аеродромска чаршија – ново економско јадро во Аеродром!

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Мојсоска: За непостапувањето по дивоградбата во Струга следи претставка пред Советот на јавни обвинители