Левица: Уставниот Суд кој треба да е чувар на законите – ги прекршува законите

Од:

„Уставните судии незаконски и скандалозно изгласаа додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата, во услови кога Владата апелира дека сите треба да се солидаризираат во кризата со мерки на штедење“, соопшто Левица.

Според нив, согласно член 113 од Уставот, со Деловникот на Уставниот суд се уредува работата и постапката пред Уставниот суд. Тоа значи дека со Деловникот се уредува постапувањето на Уставниот суд при оценување на уставноста и законитоста на прописите и другите општи акти, како и структуралната поставеност на судот. Секоја интервенција во Деловникот (измена и дополнување) која излегува од уставно зададената рамка за дозволен опфат по автоматизам значи дека е противуставна таквата интервенција.

„Бидејќи судиите на Уставниот Суд ги избира Собранието на РМ и тие преставуваат посебна, четврта власт регулирана со посебна глава во Уставот, надоместоците на нивните плати може единствено да биде уредена согласно нов закон донесен од Собранието на РМ и никако поинаку.Ваквата безобѕирност и самоволие од страна на Уставните судии, да самоиницијативно и неуставно си ги зголемат платите, на површина го исфрла нивниот кредибилитет и нивното правно незнаење. Овој потег е само продолжение во низата фијаска на слабиот персонален состав на уставни судии, кои единствено се продолжена рака на неуставните политики на владејачкиот режим во услови на окупирана демократија“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он