Левица: Уставниот суд ги врати работниците во 19 век – ќе работат по 72 часа неделно!

Од:

Во текот на вчерашниот ден, Уставниот суд на Република Македонија одлучи да не поведува постапка за Иницијативата поднесена од Левица, со која ги оспоривме законските одредби за работниците да работат повеќе од 72 часа неделно. Ваквата скандалозна одлука е, единствено, во корист на контроверзниот конзорциум „Бехтел и Енка“, со што Македонија, дефакто, станува КОЛОНИЈА на странскиот капитал, се вели во реакцијата на Левица.

– Потсетуваме дека Левица е единствена партија, која го оспори овој закон пред Уставен суд, со што се потврди фактот дека сите други партии се во служба на домашните и странските моќници. Како работничка партија сметаме дека е недозволиво, нехумано и крајно експлоататорски, работната недела на работниците наместо 40 часа, да трае 72 часа и ваквата одлука на Уставниот суд е крајно регресивна, со оглед на тоа дека осумчасовното работно време е цивилизациска придобивка, стекната преку макотрпната борба на работниците низ историјата!

Бруталниот капитализам, преку корумпираните функционери, задава уште еден удар на најранливите и најнезаштитените во општеството – работниците. Империјалистичките сили преку своите компании го исцедуваат од сиромашните држави и последниот денар што може да го добијат, без да се грижат за здравјето или благосостојбата на луѓето. За ваквата скандалозна одлука гласала Претседателката Добрила Кацарска, заедно со следниве уставни судии: Насер Ајдари, Осман Кадриу, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ – Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ – Анастасовска и Ана Павловска – Данева. Уставниот суд наместо да ги штити правата и слободите на граѓаните, коишто се загарантирани со Уставот и законите, се стави на страната на капиталот и мафијашките анти-државни политики на ДУИ и СДС – велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови