Левица: Уште во техничката Влада, ДПМНЕ почна да одработува за Преспанскиот и „Северна“

Од:

ДПМНЕ се заложува за спроведување на „Преспанскиот договор“ уште во првиот ден од техничката Влада! Ова директно и недвосмислено го прави преку техничкиот Министер за Внатрешни работи, кој на грчката Амбасадорка Филипиду отиде да и соопшти дека ќе продолжи со воведувањето на дивоградбата „Северна“ во патните исправи на македонските граѓани, се вели во соопштението на Левица.

– Министерот на ДПМНЕ – Тошковски уште првиот ден отиде на „баци рака“ кај грчката амбасадорка и буквално да се извинува за неуспехот да се добави „Северна“ во македонските патни исправи и моли за продолжување на рокот за спроведување! Партијата која наводно беше ПРОТИВ „преспанскиот договор, а подоцна најавуваше негова ревизија уште во техничката влада ДПМНЕ започна спроведување на Преспанскиот договор!

Како и секогаш досега во историјата на независна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ целосно потфрла во политиките кои го заштитуваат националниот и државен интерес, дозволува СДСМ и ДУИ да ја направат штетата на државата, а подоцна глумејќи жртва и амнестирајки се себеси од одговорност пред народот, ги спроведува штетните договори. Македонија не заборава дека со помош на осумте пратеници на ДПМНЕ беше извршена промената на Уставното име, како што сега гледаме спроведување на „Северна“ од истата партија.

Имајќи го во предвид сето ова, ваков однос од страна на ДПМНЕ очекуваме и по однос на договорот со Бугарија и т.н. „француски предлог“ за внесување на Бугарите во Уставот! Затоа Левица го повикува македонскиот народ мудро да донесе одлука за кого ќе даде поддршка на наредните парламентарни избори и и овозможи на Левица да ги блокира антимакедонските политики на широката бизнис коалиција на СДС, ДПМНЕ и ДУИ – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он