А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: Тужи нѐ Рашковски – побрзо ќе напишеш тужба од твојот втор докторат!

by А1он03/07/2019 - 11:47384
Share0

„Скандалот за генсекот Рашковски кој периодов одекна во Републиката и ја разоткри корумпираноста на социјалдемократите и нивните непотистички поставени функционери, воедно е ништо повеќе ни помалку од јасен доказ за тоа што на народот му е одамна јасно: СДСМ е новото ДПМНЕ, на стереоиди! Не ни треба никаква евтина интелектуалност, ниту еден и пол докторат – се што ни треба е да не бидеме на платен список на социјалдемократското „министерство за вистина“, за да не се правиме при очи слепи и да ја увидиме едноставната вистина која ни стрчи на сите пред носот: сите бизнис партии се исти!

Добивај вести на вибер

СДСМ се ништо повеќе од уште една тендер-партија, чии денови на владеење се избројани после флагрантното негирање на волјата на народот јасно искажана на референдумот за промена на името на Републиката и на бројните референдуми против отворањето на рудниците на смртта. Во залезот на нивното владеење, силеџиството кое пред пола деценија стана главно обележје и двигател на отпорот против груевизмот, полека станува одлика и двигател на отпорот против новокомпонираниот груевизам за граѓанството, попознат како заевизам“, соопштуваат од Левица.

„Како и останатите социјалдемократски функционери, кои немаат ништо заедничко ниту со социјализмот, ниту со демократијата, така и човекот одликуван со еден и пол докторат ја злоупотребува својата моќ, заканувајќи се со тужби за оние кои ја споделија веста за неговото местење на милионски тендери. По некои ефтини апологии за „сечени, лепени и монтирани“ бомби, во стил на познатиот „независен“ културен „работник“, Петрит Сарачини, зачинети со видна изнервираност и анксиозност кон новинарите, заканите на Рашковски доаѓаат нешто како очекуван шлаг на СДСМ-ДПМНЕ-овската торт(ур)а врз народот. Влевањето страв во народните маси, подривањето на народниот отпор и заробувањето на државата се чекори кои не се туѓи на ниту една ненародна власт, а претходниве година дена станаа чести како „добро утро“ за коалицијата СДСМ-ДУИ.

Затоа, Драг(и) Рашковски, меѓу останатите сега и нас ни дојде редот да ти кажеме: тужи нѐ слободно! Тужи нѐ веднаш – веројатно побрзо ќе напишеш тужба од твојот втор докторат! Нема да си ниту прв, ниту последен! Нека види народот дека кога вистината и обединетоста е на негова страна, силата на елитистичкото бизнисменско малцинство не му може ништо! Биди немилосрден, бидејќи кога ќе дојде нашиот ред, нема да се извинуваме за народната немилосрдност кон тебе!“, се вели во соопштението на Левица.

levica

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски10/04/2026 - 11:4010/04/2026 - 11:40

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он08/04/2026 - 19:3408/04/2026 - 19:44

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Горан Наумовски08/04/2026 - 12:25

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Горан Наумовски08/04/2026 - 09:43

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он30/03/2026 - 17:4330/03/2026 - 17:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто