Левица: Tужба за клевета и кривична пријава против Петар Богојески, коалициониот партнер на Мицкоски

Од:

Во врска со срамната, крајно вознемирувачка и лажно обвинувачка објава на Петар Богојески, актуелен функционер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, новопечен доцент на Воената академија и близок соработник на премиерот Христијан Мицкоски, со која без никакви докази се клевети парламентарната политичка партија
Левица и се навредуваат нејзините членови, најавуваме тужба за клевета и навреда, како и кривична пријава за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на политичка припадност против овој владин функционер, велат од Левица.

„Скандалозните јавни обвинувања дека „Левица убива деца“ (!?) не се само злонамерни, налудничави и целосно неосновани, туку претставуваат директно поттикнување омраза и загрозување на безбедноста на нашите членови! Дополнително, прогласувањето на сите левичари за „психопати“ од некој кој со децении е носител на високи извршни функции во државната администрација, а со тоа и директен креатор на нездравото социјално опкружување, во најмала рака е игнорантно, неодговорно, а во неговиот случај и простачки.

Политичката злоупотреба на трагичниот настан во Прилеп, преку негово паушално поврзување со Левица, претставува циничен и безобзирен обид за политичко профитирање врз истиот. Наместо одговорност, гледаме подмолна манипулација со цел дискредитација на политички противници од страна на власта, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите