Левица: Три недели Владата доцни со конкурсот за студентски легла

Од:

„На само три дена од одложениот почеток на учебната година, не се знае изборот на студентите кои би добиле место во редуцираните капацитети на студентските домови, иако според најавите на Владата истиот требаше да биде објавен пред три недели. Стотици студенти се во неизвесност и стрес заради можното отсуство од наставата, а според досегашната динамика на работа на надлежното министерство – реално е да очекуваме дека стотици студенти ке ги пропуштат првите два месеци од академската година.

МОН и Владата немаат конкретни одлуки и насоки за цел дијапазон прашања што ги вклучуваат и наставниците и учениците и студентите и нивните родители. Ресорното Министерство за образование и наука издава општи соопштенија, наменети за површна медиумска присутност, но не и за ефективна и практична употреба од страна на идните академски граѓани“, велат Левица.

„Во изминативе шест месеци, ресорното министерство ‘успеа’ да објави Конкурс за студентско сместување на 28.07.2020, но не и да ги процесира и објави резултатите навремено за студентите кои зависат од тоа. Исто така, успеа на 23.09.2020 само да даде општо соопштение на веб-страницата на МОН дека ќе предложи до Владата (која ќе предложи до Собрание) Предлог-закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард. Со најавениот предлог, на студентите и учениците кои конкурирале за сместување во студентските и ученичките домови и на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом – ќе им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите.

За да ја остварат оваа помош, студентите и учениците треба да се пријавуват на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, која е сѐ уште неактивна, односно неупотреблива.По овој план, јасно е дека наместо да се оспособат други јавни капацитети за студентско домување кои ќе останат во функција и наредните години – буџетските средства ќе се издвојат по непознати критериуми, за еднократна активност (покривање трошок за сместување), што не го прават ни најбогатите држави во светот. Со ова темпо на динамика на решавање на круцијални прашања за студентите – очигледно е дека ресорното Министерство се однесува како набљудувач, а не лидер на ситуацијата, додека учениците и студентите немаат информација како ќе го решат сместувачкото прашање оваа година“, се наведува во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Кандидатурата на Амар Мециновиќ ја втурна ДПМНЕ во паника

Со инженер од ЈП Водовод во тимот, Мециновиќ најавува решенија за Скопје, тврдат од Левица

Левица: ДПМНЕ преку Еразмус+ дели пари на универзитетот на Мерко наместо да го затвори

Горан Наумовски

Мециновиќ: Скопјани кои го градеа градот не можат да обезбедат дом од лудите цени на нехуманата урбанизација

Горан Наумовски

Левица: МО да го расветли скандалозниот конкурс за офицери, голем број од примените не ги поминале физичките проверки

А1он

Левица: Уште една дивоградба на инвеститорот на хотелот во Лагадин кој Заев го бранеше

А1он