Левица: Тошковски ја штити фамилијата Салиу која раководи со ДЗС

Од:

Селективната истрага за трагедијата во Кочани јасно демонстрира дека владата на Мицкоски свесно ги штити функционерите кои се дел од нивната коалиција. Надвор од сите правни норми е фактот што како осомничен во истрагата се јавува само еден поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), додека актуелните директори се целосно изземени од одговорност, велат од Левица.

„Од 2008 до 2017 година со оваа нефункционална институција раководеше Шабан Салиу, кој моментално е министер без ресор во владата на Мицкоски. Дополнително, неговиот внук Кашмир Салиу моментално е заменик-директор на ДЗС, по принципот на задоволување на коалиционите апетити, без да се земе во предвид компетентноста за една институција која треба да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Во истрагата не е опфатен ниту актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување – Џеват Селами, кој воопшто го нема ни да се појави во јавноста како клучен одговорен во алката на системот за заштита.

Трагедијата во Кочани на површина ја изнесе нефункционалноста на оваа дирекција, која единствено служи за ухлебување на кадри од коалиционите помали партнери, а фамилијата Салиу е најдолго присутна во катастрофалното менаџирање на оваа институција. Впрочем, во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Кочани, уште од 2012 година не е пополнето работното место за инспектор за заштита од пожари, откако претходниот заминал во пензија во март истата година. Односно, Салиу повеќе од пет години ја оставил општина Кочани без инспектор!

Не може министерот Тошковски да ја игнорира одговорноста на директорите кои раководеле со клучниот сектор надлежен за гарантирање на заштитата на граѓаните. Додека Тошковски шири демагогии дека за оваа катастрофална трагедија никој нема да биде изземен од одговорност, фактите се дека неговите коалициони партнери се амнестирани целосно. Недозволиво е при една ваква трагедија правдата да биде селективна и токму заради тоа, доколку Тошковски не е способен да ги надмине теснопартиските интереси – истиот веднаш треба да си поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

Левица предлага закон за двојно зголемување на износот за поврат на ДДВ по физичко лице