Левица: Советниците од ДПМНЕ гласаа против амандманот за пренасочување на средствата предвидени за луксузирање во спортски и детски игралишта

Од:

На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, советничката група од Левица предложи средствата од Буџетот предвидени за советниците за: патни трошоци, репрезентација, телефон и телефакс – да се пренаменат за спортски и детски игралишта во општината. За жал, советничката група од ДПМНЕ и коалицијата, уште еднаш го докажа нивното сфаќање на функцијата советник – луксузирање и полнење на своите џебови, наместо придонес за жителите на општината. Имено, тие гласаа против нови игралишта, велат од Левица.

„Во оваа прилика, вредно е да се напомене дека Градоначалникот Стојкоски во предизборната кампања ветуваше игралиште во секое маало, но по сѐ изгледа дека својот мандат ќе го заокружи со руинирани/запустени игралишта и ниту едно ново. Левица остро го осудува непродуктивното трошење на народните пари и како и до сега, ќе продолжи да делува во насока на продуктивно планирање и трошење на Буџетот на Општината“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он