Левица: Сопругата на директорот на Булмак и кандидат за градоначалник од ДПМНЕ – преку ноќ стана раководител на Агенцијата за пошти

Од:

Најновата епизода од непотистичката сага на ДПМНЕ е назначувањето на Марина Тоневска, сопругата на Тони Тоневски (директорот на рудникот „Булмак 2016“ и кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од ДПМНЕ), за раководител на Агенцијата за пошти и ќе го регулира работењето на АД Пошта и други поштенски оператори, велат од Левица.

„Станува збор за истото семејство кое управува со рудниците Злетово и Тораница, од каде пред само неколку месеци се случи еколошка катастрофа кога јаловина се излеа во Крива Река и никој не понесе одговорност. Ова е само дел од пошироката шема на ДПМНЕ за поставување на роднини и блиски луѓе на највисоки позиции во државните институции третирајќи ја државата како фамилијарен бизнис. Потсетуваме на дел од скандалите:

– Сестрата на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, се вработи во ОВР Струга без никакво претходно искуство во безбедносниот сектор;

– Баџанакот на министерот Тошковски „победи“ студент на генерација и стана доцент на Факултетот за безбедност;

– Министерот Љутков без јавен оглас ја вработи сестра му во Велешкиот музеј;

– Кумашинот на премиерот Мицкоски, Игор Миќев, стана Државен советник за организација и координација на подрачни единици во Министерството за земјоделство, а неговата сопруга ја поставија на раководна позиција во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој;

– Сестрата на премиерот Мицкоски се вработи на универзитетот во Штип;

– Таткото на министерот Андоновски стана советник на Мицкоски;

– Братот на министерот Андоновски стана началник во АНБ;

– Братучедот на Меџити стана директор во МЕПСО;

– Братот на пратеникот од ДПМНЕ, Игор Здравкоски, стана член на Советот на експерти во Агенцијата за супервизија на осигурување;

– Синот на директорот Александар Панов стана советник на Мицкоски.

Со ДПМНЕ, ова е држава заробена од фамилии – држава каде фотелјите не се добиваат со труд, туку по крвна, кумашинска и партиска линија. Оваа власт ја користи довербата на граѓаните за да ја претвори државата во приватна фирма каде институциите се плен, а јавниот интерес е последна грижа. За ДПМНЕ способни се единствено нивните роднини и кумашини. Со тоа, не само што ја гушат државата, туку ги истиснуваат најспособните, најталентираните принудувајќи ги да бараат достоинствен живот во странство, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Државна лотарија како мегафон на власта – јавните пари се користат за дворски трубадури

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција

А1он

Левица: Нова милијарада евра кредит за отплаќање на долг наместо за развој

Левица: Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали