Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции

Од:

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека пратеничката група ќе поднесе предлог-измени на Законот за одбрана, со кои се воспоставува јасна правна рамка за учеството на Армијата на Република Македонија во операции надвор од територијата на државата.
Со предложените измени, учеството ќе биде дозволено исклучиво во меѓународни мисии одобрени од Советот за безбедност на Обединетите Нации, со цел да се обезбеди дека државата нема да биде вовлечена во операции кои не се засновани на меѓународно право и поширок меѓународен консензус.

Мециновиќ нагласи дека овие измени излегуваат од рамките на дневната политика и претставуваат прашање на национален интерес, особено во услови на зголемени геополитички тензии и сè почести конфликти. Собранието како носител на суверенитетот мора да ја врати својата клучна улога во креирањето на одбранбената политика и да обезбеди предвидливост и сигурност за граѓаните и припадниците на Армијата.

Во таа насока, македонската јавност е сведок дека изостанува принципиелна позиција од страна на Владата предводена од Мицкоски и Министерството за надворешни работи, на чело со Тимчо Муцунски. Наместо јасна насока во време на сериозни меѓународни турбуленции, сведоци сме на непредвидлива и неконзистентна надворешна политика, која отвора дилеми за тоа во кој правец се движи државата и дали постои ризик од вовлекување во процеси што не се во интерес на граѓаните.

Левица смета дека токму поради ваквата несигурност, Собранието има обврска да постави јасни граници преку закон и да обезбеди дека Република Македонија ќе остане доследна на принципите на мир, стабилност и меѓународна соработка, но врз основа на сопствена одлука и интерес, а не под притисоци. Со овие измени се обезбедува правна сигурност и се испраќа јасна порака дека одбранбената политика не смее да зависи од моменталната волја на извршната власт, туку од институционално утврдени принципи.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он