Левица со предлог – Закон за формирање на инспекторат за државните симболи

Од:

Поради континуираното непочитување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната, Левица до Собранието ќе поднесе предлог-Закон за воведување на Државен инспекторат за инсигнии. Овој инспекторат ќе биде задолжен за контрола и надзор над правилната употреба на грбот, знамето и химната од страна на државните органи, општините и приватните субјекти, велат од Левица.

„Скандалозно е што сите политички елити досега не формирале ваков Инспекторат, во услови кога на секој чекор македонското знаме не се почитува, како единствен симбол кој треба да ја обедини македонската нација.

Левица повторно најостро го осудува скорешното палење, непочитување и сквернавење на македонското државно знаме за време на прославата на денот на албанското знаме, кое помина без санкции и јасна реакција од надлежните институции. Овој чин е уште еден доказ за потребата од системски пристап и јасен инспекциски надзор врз употребата на државните симболи.

Согласно член 8 од Законот за употреба на Грбот, Знамето и Химната, како и член 178 од Кривичниот законик, намерното кинење, палење, газење или на било кој начин сквернавење на македонското знаме е кривично дело. Но, отсуството на соодветен механизам за надзор овозможува ваквите акти да поминуваат неказнето.

🇲🇰 Потсетуваме дека Левица ова прашање го истакна уште во својата Македонска платформа за пост-изборно коалицирање, како една од петте клучни точки:

„Строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации…. задолжително истакнување само на македонското знаме во канцелариите на јавните функционери.“

Македонската платформа на Левица е клучен инструмент за зачувување на унитарноста и достоинството на Република Македонија. Повторно апелираме до сите политички партии ова прашање да го третираат како црвена линија, која не смее да биде предмет на политички компромиси“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

А1он

Левица со Предлог – закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

Мециновиќ: Влада фокусирана на олигархијата, глува за сиромаштијата

Левица: Не е точно дека Цвета Ристовска од Антикорупциската комисија немала обврска да ја пријави фирмата на нејзиниот син во анкетниот лист

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

(ВИДЕО) Мециновиќ: Левица ќе поднесе два закони против неправдите во јавното здравство и дискриминацијата на бремените работнички