Левица: Со недела работен ден Мицкоски го претвора работникот во роб на капиталот

Од:

Верниот слуга на Стопанската комора и домашната олигархија – Мицкоски, најави враќање на недела за работен ден! Откако неспособна Влада на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ преку манипулативните кошнички, зголемените цени на суровините и електричната енергија сервираше нова порција инфлација што го доведе работникот до работ на егзистенција, сега го принудува за дополнителен приход да работи и во недела, тврдат од Левица.

„Ваквиот сурово-капиталистички однос кон работниците од десничарската Влада е очекуван! Минималната потрошувачка кошничка изнесува три минимални плати, што укажува на тоа дека платите на двајца возрасни кои земаат минимална плата, не можат да ги задоволат ниту основните животни потреби на едно семејство. Кратењето на уште едно работничко право, несомнено доведува до нов бран иселување на најспособните работници, што прави државата која има се поскромен човечки ресурс, целосно да колаборира.

Потсетуваме дека врз овој удар по грбот на работникот претходат бројни средби помеѓу Мицкоски и претседателот на Стопанската комора Азески. Збеснатата Влада е спремна својата благосостојба и џебовите на сопствените донатори да ги полни од маката на работникот. Затоа, нивниот експлоататорски нагон ги става на маса интересите на алчната буржоазија којашто станува сѐ побогата, додека работниците и синдикатите, се исклучени од процесите и стануваат сѐ посиромашни.

Левица нема да дозволи рајот на Мицкоски и Азески да биде граден врз пеколот на работниците. Како работничка партија, најавуваме отвореност за соработка со работниците и синдикатите, за отфрлање на лукративните робовладетелски интереси на буржоазијата. Наместо ова, се залагаме да се постават на маса барањата на работниците за зголемена минимална плата и воведување и на сабота за неработен ден. Работникот не смее да биде поставен на дното на општеството и претворен во слуга на капиталот. Затоа најавуваме бескомпромисна борбa против обидот за одземање на ова круцијално работничко право. Не за богатење врз гробот на работниците“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он