Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Од:

Со особена чест и одговорност најавуваме дека во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, најавија од партијата.

Во Општина Струга, кандидат за градоначалник е актуелната пратеничка во Собранието на Република Македонија, Јована Мојсоска – дипломирана на Факултетот за безбедност и генерален секретар на Левица. Нејзиното искуство, политичка активност и лична посветеност се гаранција дека ќе го брани јавниот интерес и ќе понуди вистински решенија за проблемите со кои се соочува Струга.

Во Општина Тетово, кандидат е д-р Катка БОЖИНОВСКА, доктор на правни науки од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а денес вработена на Државниот Универзитет во Тетово. Со своето академско знаење, долгогодишна професионална кариера и интегритет, таа ќе се залага за враќање на законитоста, правдата и вистинското владеење на правото во Тетово.

Во Општина Гостивар, кандидат за градоначалник е Дарко Грујоски, ИТ-специјалист и информатички оператор со завршени студии по компјутерски науки и технологии. Тој претставува новата генерација професионалци, подготвени со современи пристапи и технолошки решенија да ги подобрат јавните услуги и транспарентноста на локалната самоуправа.

Под силен притисок од коалициските договори со партијата ВЛЕН, ДПМНЕ донесе одлука да нема свои кандидати во овие општини. Ние ова го сметаме за невидено ПОНИЖУВАЊЕ и обезличување на македонскиот народ во западниот дел на државата. Со тоа, уште еднаш станува јасно дека за големите партии, интересот на граѓаните е подреден на партиските пазари и ЕТНИЧКИТЕ ПАЗАРАЊА кои водат кон федерализација!

Левица е таа што се спротивставува на ваквите политики! Нашите кандидати се луѓе со кредибилитет, знаење и професионални компетенции, личности кои ќе управуваат со општините на темел на ИДЕОЛОГИЈА и програма, а не врз основа на етнотрибализам, клиентелизам и корупција.

Затоа, на овие избори повикуваме на мобилизација на сите граѓани кои сакаат промени и кои сакаат во нивните општини да владеат вистински вредности, соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението