Левица: Смртоносната игра на ДПМНЕ-СДС-ДУИ за рудникот на смртта во Иловица продолжува

Од:

Вишиот Управен суд, кој е под контрола на ДУИ, во состав: Виолета Илиевска, Емрије Зубери Амити и Субхи Јакупи, наместо конечно да го реши проблемот и да ја затвори можноста за отварање на рудникот, донесе одлука со која предметот го враќа во рацете на министерот Бектеши од ДУИ и Владата на Република Македонија. Од сиот судски процес произлегуваат две битни пресуди и две судски толкувања. Едното е дека Владата „може“ ама „не мора“ да ги спои концесиите по завршувањето на постапката за спојување. Второто е дека Владата мора да ги спои концесиите, но за тоа нема рок, се вели во реакцијата на Левица.

– Сагата почна кога ДПМНЕ во време на Груевски издаде 80 концесии за геолошки истражувања на територијата на целиот југоисток, за потоа СДС да дојде на власт со ветување дека рудник на смртта во Иловица нема да има, но во текот на целокупното владеење да не најде начин и време конечно да го реши овој проблем. За сега олигарси на ДУИ и блиски на политичката партија ГЕРБ од Бугарија, да видат лукративни можности во овој подвиг за екоцид.

На овој начин, троецот СДС-ДПМНЕ-ДУИ е во позиција да тргува со животите на народот од југоистокот, и од олигарсите на кои ќе им ветуваат отварање на рудникот да добиваат пари за своите предизборни кампањи – додека за народот се резервирани празни патриотски, економски, зелени, прогресивни и европски флоскули. Сепак, рудник на смртта во Иловица нема да има! Народот од југоисточна Македонија е целосно обединет во борбата за заштита на својот животен простор и условите за достоинствен и квалитетен живот – за ова прашање ја имаат потполната поддршка од Левица – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он