Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Од:

По повод 63 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, делегација на Левица составена од потпретседателот и пратеник Реџеп Исмаил, пратеникот Амар Мециновиќ и советничката во Советот на Град Скопје Дарја Мустафаоглу, положи свежо цвеќе на споменикот посветен на настраданите во скопската катастрофа.

Скопје се проектираше како град по мерка на човекот. Денес се прекројува по мерка на профитот. Урбанистичките планови се предмет на пазарење, јавниот интерес се повлекува пред приватниот, а просторот што треба да им припаѓа на сите се претвора во нечие лично богатство.
Поуката од 1963 година беше дека градот мора да се планира внимателно и одговорно кон идните генерации. Денес таа одговорност отстапува место на краткорочниот профит, дивоградбите и корупцијата.

Градоначалници, министри свечено го одбележуваат 26 Јули, додека во остатокот од годината молчат пред оние што го распродаваат просторот метар по метар.

Сеќавањето нема вредност доколку се сведува на протокол и венци. Вистинскиот однос кон 1963 година подразбира безбедно градење, неприкосновен јавен интерес, стручни урбанистички решенија и институции што не се виткаат пред градежниот капитал.

Земјотресот од 1963 година не можеше да се спречи, но последиците од денешната негрижа можат. Ветерот што пред некој ден го погоди Скопје не беше толку катастрофален сам по себе, катастрофа беше сознанието дека град, кој некогаш бил пример за обнова и планирање, денес е толку запоставен и хаотичен што и временска непогода остава тешки последици што не би смееле да бидат нормална појава.

Наша обврска е да не дозволиме градот на солидарноста да биде град на беззаконието, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

Левица на Економскиот форум во Владивосток: Македонија мора да ги препознае можностите на новиот мултиполарен свет

А1он

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Муцунски: Стоиме со Украина, таа е суверена држава

Предраг Петровиќ

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он