Левица: Шукова и Касами да одговараат како издале Б еколошка дозвола за изгорениот магацин во Тетово

Од:

Изгорениот магацин во тетовско Фалише предизвика огромна еколошка катастрофа и аерозагадување, а локалните жители, освен во димот и загадувањето, останаа заробени и во апсурдот на неспособноста и неможноста на владејачката елита да го измери степенот на загадување. Bo големиот пожар што избувна во магацин на фирмата “Евроком” изгореа 100 тони пластика, бои и лакови велат од Левица.

– Вработени од Министерството за животна средина излегоа на терен само за да констатираaт дека е ,,евидентно загадувањето на воздухот”, но дека тоа не може да се измери, бидејќи НЕМА Државна лабораторија co акредитирана метода. Односно, Државниот автоматски мониторинг мерел само загадување од испарливи неоргански материи. Министерката за животна средина, Каја ШУКОВА и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов дадоа само препораки да не се излегува од дома и прозорците да бидат затворени, додека Тетово и околината со денови беа алармантно загадени, а неколку пожарникари беа и полесно повредени при гаснењето на огнената стихија. Левица итно бара одговори од градоначалникот на Тетово – Билал Касами, Министерството за животна средина и од Државниот еколошки инспекторат да се произнесат под кои услови дозволиле и издале Б интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната средина за складирање толку голема количина на лесно запаливи и токсични материи, без соодветен безбедносен проект од евентуални хаварии и без задоволителен противпожарен безбедносен систем, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он