Левица: Шаќири најави одговорност ако во септември нема учебници – бараме оставка

Од:

Цел месец по почетокот на наставната година, голем број ученици сè уште немаат добиено учебници. Токму најлошиот министер за образование – Јетон Шаќири, минатата година изјави дека ако септември нема учебници, самиот ќе понесе одговорност! За заштитените фунционери од ДУИ не важат никакви ветувања, кои се докажаа како најнеспособна гарнитура за менаџирање со било кое министерство. Дополнително, се огласи и Националната комисија, која соопшти дека не е ниту целосно оформена, односно дека во моментот истата брои 17 член – место 21 член, колку што е предвидено со закон за нејзино нормално функционирање, велат од Левица.

„Минатата година, наставата скандалозно почна без учебници и се одвиваше без учебници до мај. Колку учебни години и колку генерации уништени од неспособноста на Шаќири се потребни за тој конечно да научи да управува со ресорот во кој министерува?! Уште колку семејства треба да се иселат за да им овозможат пристап до квалитетно образование на своите деца – додека барем еден функционер од ДУИ си поднесе оставка?! Истите партии кои тврдат дека ќе ја внесат државата во ЕУ, не се способни ниту учебници да обезбедат“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он