Левица: Ристов ќе удри по џебот на најсиромашните – укинувањето на евтината тарифа ќе ги зголеми сметките

Од:

Ацо Ристов, новиот претседател на РКЕ, во првото медиумско појавување најави ревидирање на блоковите и ефтината тарифа во сметките за електрична енергија, со што јасно стави до знаење дека струјата ја третира како роба која мора да има единечна, а не пет различни цени. Со ова тој предизвика загриженост кај граѓаните кои се обидуваат да штедат електрична енергија. Доколку РКЕ донесе ваква скандалозна одлука тогаш директно ќе удри по најсиромашните. Пресметките, на годишно ниво, покажуваат дека едно семејство, кое цело време се обидува да штеди електрична енергија и на месечно ниво да се движи во првиот тарифен блок, ќе плаќа за третина поскапа струја. Очигледно е дека Ристов се стави во функција на приватниот капитал, на страната на ЕВН, бидејќи ЕВН Хоум е универзален снабдувач на домаќинствата, велат од Левица.

– Поранешниот градоначалник на Радовиш, од ДПМНЕ, а сега претседател на РКЕ ништо не спомна за паушалните сметки кои ЕВН ги доставува до домаќинствата без да ги отчита броилата, како и за реалната можност за проширување на временскиот опсег на ефтината тарифа. Во досегашното работење на РКЕ не е непознато често менување на правилниците и на тарифните модели, сѐ со цел да и се удоволи на политичко – енергетската олигархија во Македонија преку осиромашување на народот и уништување на јавниот интерес.

Сметаме дека тарифните блокови треба да останат со проширување на временскиот опсега на ефтината тарифа, а единствена можност за намалување на цената на струјата е ЕЛЕМ Продажба да биде законски определен универзален снабдувач, со двојно помала маржа од сегашната маржа на ЕВН Хоум од 9.9%. Левица бара воведување на повеќетарифен систем (зимски и летен), со повеќе часовни блокови, како и сончева тарифа за усогласување на производството со побарувачката, искористување на сончевите вишоци и намалување на сметките за електрична енергија, воедно зголемување на интервалот за ефтина тарифа, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крмов: Млекарниците ги уценуваат сточарите – Владата да гарантира откуп на млекото

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Левица: Братот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски на платниот списокот на Лотарија

А1он

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ