Левица: Работниците во „Македонска пошта“ да не подлегнуваат на уцените и притисоците од раководството

Од:

Левица ги охрабрува и поддржува работниците во „Македонска пошта“ да продолжат да си ги бараат неисплатени регреси за годишен одмор (познат како „К-15“) и да не дозволат раководството да ги уценува и замајува.

„Го повикуваме трудовиот инспекторат навремено да реагира и да го санкционира јасниот притисок од раководството врз работниците.

Срамно е што директорите на „Македонска пошта“ се дрзнале да бараат од работниците своеволно да се откажат од тоа што со закон им следува! Наместо да се врши притисок врз работниците и синдикалните организации, Левица предлага раководството во „Македонска пошта“ да донесе одлука со која ќе си ги намали високите плати, заради кризата во компанијата.

Доколку на некои од работниците на „Македонска пошта“ им е потребна правна помош за да си ги остварат со закон предвидените права, слободно нека ни се обратат“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски