Левица: „Прво човек“ звучи празно ако човечноста се глуми, а не се живее

Од:

Наместо доблест и извинување по примитивниот настап на дуелот, кандидатот на ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реши да ја покаже суштината на својата политика. Имено, додека јавноста од владиниот кандидат очекуваше барем малку човечност, тој отиде на баци-рака кај Изет Меџити и Висар Ганиу – симболите на дивоградбите и беззаконието. Сето ова, спротивно на неговите изјави и ветувања за ʼставање крај на дивоградбитеʼ – наместо да се дистанцира од интересите кои го гушат градот, Ѓорѓиевски реши да им се поклони, велат од Левица.

– На дуелот, политикологот од приватниот сектор наречен ЕВН, настапи како карикатура на арогантноста. Со примитивен тон и лични напади, тој не се обиде да го понижи само кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, туку омаловажи и цела една социјална стварност – самохрани родители, фриленсери, млади кои работат во кол-центри и работници кои со чесен труд го заработуваат лебот. Неговиот настап беше одраз на неговиот светоглед и доказ дека за таквиот тип политичари вредноста на човекот се мери по статус, семејна и партиска припадност.

Тоа е менталитетот на привилегираните елити кои живеат уверени дека државата е нивен двор, а граѓаните нивна публика. Ароганцијата со која владиниот кандидат настапи е симптом на систем кој се храни од понижување и нееднаквост, од уверување дека народот треба да молчи, а избраниците само да владеат.

Во суштина, ова не е само судир меѓу двајца кандидати, туку помеѓу два спротивставени света. Од едната страна е владиниот кандидат Ѓорѓиевски – ликот на старата матрица која не може да се соживее со народот, продолжение на класата која владее со наметнување страв и потсмев, уверена дека моќта ѝ припаѓа по наследство. Од другата страна е Амар Мециновиќ – човек кој не настапува од позиција на надмоќ, туку на разбирање, со искуство кое тие никогаш не ќе можат да го совладаат, со пристап кој не почива на флоскули, туку на верба дека политиката може повторно да има човечко лице. Тоа е разликата помеѓу празниот слоган „Прво човек“ и човекот кој не мора да го изговори и повторува тоа за да биде, тврдат од Левица.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Левица: Братот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски на платниот списокот на Лотарија

А1он

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски