Левица повикува на протест против изградбата на 17-катница во Карпош 2

Од:

Ве повикуваме на протест денеска во 12 часот, против предвидената изградба на 17-катница во Карпош 2 и против самоволието на ненаситните инвеститори, се вели во соопштението на локалниот огранок на Левица од Карпош.

„Преку изигрување на одлуките на Советот на општината, градоначалникот одобри парцелизација на земјиштето помеѓу бензинската на „Макпетрол“ и болницата “„Жан Митрев“, и со тоа овозможи инвеститорот да се стекне со простор за изградба на 60 метарска бетонска градба, на локација која не предвидува никаков објект!
Левица веќе реагираше дека зградата доби невалидно позитивно конзерваторско одобрение за градба, откако првото беше одбиено бидејќи оваа парцела се наоѓа во ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ на зградата-споменик, поранешна „Воена болница“.

Дополнително е спорна е и малата оддалеченост од бензинска станица, како и целото решение кое ќе доведе до урбанистички хаос во овој дел на населбата.
Советот на Општина Карпош изгласа одлука за СТОПИРАЊЕ И РЕВИЗИЈА на овој план, но градежните моќници останаа глуви на сите повици на Левица, граѓанските здруженија и жителите на Карпош, за прекин на активностите. ЗАТОА, го дигаме нашиот глас на протест оваа сабота во 12 часот, на локацијата на која веќе започнуваат градежните работи, за да им кажеме дека НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ капиталот и интересите на малкумина да го уништуваат Карпош, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ најавува европски модел за преработка на отпад во Скопје

Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево – Мицкоски одбра да коленичи пред ВРЕДИ!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ: Антивладините гласови се со Левица, левиот гласачки спектар се обединува околу нас

(ВИДЕО) Мециновиќ: Противкандидатот се среќава со Меџити, јас со скопјани – од таму ми беше и ќе ми биде поддршката

Горан Наумовски

Мециновиќ: Имаме јасен избор – статус кво или промена која сите заедно ќе ја изградиме

А1он

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – можеби нашата борба е тешка, но е праведна

А1он