Левица: Просторот на поранешната Алумина да се претвори во урбана градина

Од:

Кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Марија Џонс денеска изјави дека треба да се смени деталниот урбанистички план и просторот каде се наоѓаше поранешната фабрика Алумина да стане нешто друго, а не ново градилиште.

– Овој голем плац, големо земјиште со години стои вака запуштено и беше предмет на размислувања што да се прави со него. Ќе се инвестираше во некој голем деловно-станбен трговски центар, меѓутоа сега со новата измена на изгледот на градот во овој регион, со оние големи згради околу, граѓаните и на оваа населба нема да бидат задоволни доколку уште повеќе се задуши и закочи нивното урбано живеење тука, рече Џонс.

Таа посочи дека се уште не е сигурно чија е легална сопственост на плацот, а доколку постојат некакви нелегалности и малверзации тие тоа ќе го испитаат и нивните советници со општина Карпош и во град Скопје ќе ја испочитуваат желбата на граѓаните.

Носителот на советничка листа на Град Скопје од Левица, Драгана Велковска, еко активист, рече дека согласно заложбите и целите на нивната партија доближувањето на човекот до природата и негово ставање високо на агендата на нивната партија, тие би сакале овој дел да се претвори во урбана градина кој ќе биде енергетски ефикасен објект во исто време.

Во него, нагласи таа, ќе може да се вработат лица од социјално загрозени категории, односно тоа ќе биде еден целосен концепт на сите сфери и аспекти кои ги опфаќа Левица.

– Тоа значи дека ова место кое се протега на површина од над 42.000 метри квадратни ќе може да се направи еден простор кој ќе биде симбол на современ, зелен и модерен град. Визијата на Левица за Скопје е визија за еден хуман град. Зелен град во кој нема да се срамиме да чекориме, нема да дишеме отров, секој ќе биде почитуван и третиран еднакво и ќе му бидат овозможени пристап до еднакви можности, додаде Велковска.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски