Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Од:

Левица го осуди настапот на премиерот Мицкоски, со кој легитимните синдикални барања за зголемување на минималната плата ги оцени како „политичка агенда“, како врв на цинизам и класна ароганција.

– Кога носител на највисоката извршна функција, човек кој јавно и бесрамно демонстрира луксуз, држи лекции за нереалноста на барањата за повисоки примања на работниците, тоа е отворена демонстрација на класна ароганција и целосна отуѓеност од реалноста во која живее мнозинството граѓани, се вели во соопштението на Левица.

Од партијата посочуваат дека економските показатели јасно ја демонстрираат владината политика. Левица посочува дека Македонија има најниска минимална плата во регионот, а 73 отсто од вработените земаат плата под просекот.

„Секој трет работник преживува со помалку од 30.000 денари месечно, а минималните трошоци за четиричлено семејство веќе надминуваат 66.000 денари. Во услови на и континуирана инфлација куповната моќ постојано се намалува и ги поништува законските номинални корекции на платите“, наведува Левица.

Левица ја обвинува владата дека наместо да преземе одговорност и да води активна политика за заштита на трудот, избирала конфронтација со синдикатите и нивна дискредитација.

„Стигматизацијата на синдикалното организирање и обидот борбата за егзистенција да се прикаже како ’партиска интрига’ е директен удар врз уставно загарантираното право на здружување и колективно дејствување“, реагира Левица.

Во соопштението се посочува и на масовна работна емиграција, при што над 50.000 граѓани работат во странство додека власта најавува увоз на евтина работна сила.

„Наместо да создаде услови за достоинствени плати, владата нуди поефтин труд. Во таков контекст, тврдењата за ’трета економска сила во Европа’ се пропагандна фикција што грубо ја навредува секоја фамилија која пресметува дали ќе може да ги покрие основните трошоци до крајот на месецот“, се наведува во реакцијата.

Според Левица политиките на ВМРО – ДПМНЕ се јасно класно одбележани.

„Приоритет имаат интересите на крупниот капитал и нивниот луксуз, а не трудот. Тоа е длабоко десничарска, антисоцијална политика! Барањето за повисока минимална плата е елементарно прашање на човечко достоинство. Сè друго е свесен обид да се зачува систем во кој малцинството живее во раскош, а мнозинството во несигурност и сиромаштија“, порачуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти

Левица: Фотографии откриваат партиско агитирање за ДПМНЕ од членови на “независната” второстепена Комисија

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

А1он

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот

А1он