Левица: Премиерот Мицкоски и министерот Тошковски го изгубија судскиот спор со Левица

Од:

За време на владеењето на предавничката власт на СДС и ДУИ, тогашната најголема опозициска партија ДПМНЕ не изнајде сила и храброст да се спротивстави на власта – и во немоќ, Мицкоски и Тошковски поднесоа тужба против Левица со што јасно посочија на кого гледаат како најголем политички непријател и опасност по вечните смени на ДПМНЕ и СДС, велат од Левица.

Суетите на премиерот Мицкоски и министерот Тошковски и анимозитетот кон Левица а не кон СДС, кулминираа со тужба во која премиерот-подносител и министерот-адвокат бараат преку политички мотивирана хајка да се притисне и извини Левица поради наводно нарушен углед и достоинство на подносителот. Предметот на тужба е видео-соопштението на Левица насловено ,,Фирми на Анѓушев и Мицкоски добиваат тендери во Општина Кисела Вода”. Судот ја одби оваа небулозна и суетна тужба на Мицкоски и Тошковски, чиј проблем со Левица е тоа што не е дел од мафијашко-политичките врски кои ги обединуваат ДПМНЕ и СДС со олигархијата. Левица ќе продолжи да биде најизразена опозициска партија и ќе продолжи да посочува на криминогената природа и врски со олигархијата на ДПМНЕ – како на централно ниво, така и на локално. Откако ДПМНЕ го уништија Скопје до ниво на нефункционалност, извесно е следната година за градоначалник на град Скопје да биде предложен Орце Ѓорѓиевски – со цел да се донесе Генерален урбанистички план во кој ќе има плен за целата олигархија, проверена пракса во Општина Кисела Вода каде е и моментално градоначалник.

Би можело да ве интересира

Левица: Пензионирани пилоти и ова лето ќе гаснат пожари – пожарникарите не поседуваат ниту минимум потребна опрема

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

Мицкоски: Опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб

Мицкоски: Исклучително сме задоволни бидејќи индикаторите почнуваат конечно да покажуваат раст

Горан Наумовски

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене

Горан Наумовски