Мицкоски: Исклучително сме задоволни бидејќи индикаторите почнуваат конечно да покажуваат раст

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека растот од 9,4 отсто на индустриското производство во мај, споредено со мај минатата година и раст на девет отсто на преработувачката индустрија во мај е нешто коешто навистина е многу важно за македонската економија.

-Да, исклучително сме задоволни, бидејќи индикаторите, посебно во вториот квартал, почнуваат конечно да покажуваат раст. Значи оној период на стабилизација на македонската економија, сега е проследен со раст. Токму една од причините за таквиот раст е и работата на компании слични на Реплек, каде што сме денеска. Да го поздравиме сето ова што го прави менаџментот тука и да ги охрабриме да продолжат во таа насока, истакна Мицкоски одговварајќи на новинарско прашање по свеченото отворање на нов производствен капацитет на „Реплек“.

Мицкоски нагласи дека ако се се земе периодот од почетокот на годината заклучно со мај месец, значи првите пет месеци споредено со истиот период лани, растот е 3,3 отсто, а кај преработувачката индустрија 4,5 отсто.

-Така што можам слободно да заклучам дека периодот на консолидирање и стабилизација е завршен, сега почнуваме преку овие индикатори да генерираме раст. Туризмот расте со повеќе од 20 отсто и расте индустриското производство, растат инвестициите и така натаму. Ценам дека вториот квартал, би требало да имаме исклучително висок раст на македонската економија, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации