Левица: Предлогот на Мицкоски за реорганизација на министерствата изгласан со поддршка на ДУИ

Од:

ДПМНЕ молкум ја одби условната поддршка на Левица за реорганизација на министерствата и обезбедување на дво-третинско мнозинство со воведување на една изборна единица и реши да седне на маса со нивниот стар коалиционен партнер ДУИ. Вчера остварената средба помеѓу ДПМНЕ и ДУИ очевидно поминала со успешно пазарење коешто се одрази со потполна поддршка на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа од страна на Европскиот фронт, се вели во партиското соопштение на Левица.

– Пратениците од Левица гласаа против измените на ЗОРОДУ откако претходно аргументираа за апсурдноста на Законот и незапазувањето на процедурата, како и после одбивањето на предлогот за реализација на една од програмските заложби и на ДПМНЕ – ветувањето за една изборна единица. И покрај основаните сомнежи и издржани критики коишто беа истакнати од страна на пратениците на Левица, ниту еден пратеник од мнозинството, ниту пак предлагачот Мицкоски не се осмели да ја брани предложената реорганизација на министерствата. После предлогот и изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Македонија, се случи уште едно газење на предизборните ветувања и примарната предизборна реторика на ДПМНЕ за борба против ДУИ. Старите партнери повторно ја обелоденија Широката коалиција во која, за разлика од претходно, ЗНАМ се јавува како посебен политички субјект – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола