Левица пред Уставен суд ја оспори националноста во изводите

Од:

Политичката партија Левица подготви Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на измените на Упатството за водење на матична евиденција донесено од страна на Министерот за правда, на 29 мај 2023 година со кое се воведува нова графа „националност“ во изводот од матична книга на родените, венчани и умрени.

Покрај барањето за комплетно поништување на измените на Упатството, Левица побара и изрекување времена мерка односно донесување на привремено решение за запирање на извршувањето на акти или дејствија преземени врз основа на оспорениот подзаконски акт поради кој во пракса би можеле да настанат тешко отстранливи и штетни последици.

Со воведувањето на националност како графа во изводот, се постапува спротивно на темелните вредност на Уставот, на одредбите од Законот за заштита на лични податоци и Законот за матична евиденција.

Дополнително, ова упатство значи отворена врата за автоасимилирање на две нивоа: прво – постои опасност помалите етнички заедници постепено да се претопат во двете актуелно доминантни; и второ – постои реална опасност, македонското население да се „бугаризира“ за само 250 денари колку што чини таксата за вадење извод, односно декларирањето Бугарин во матично да биде основ за полесно вадење бугарски пасоши.

Потенцираме дека личното чуство на граѓанинот не може да се докажува со јавна исправа т.е со документ издаден од државен орган.
Не постои никаква гаранција дека оспорените измени на Упатството ќе ја подобрат меѓуетничката кохезија во едно мултиконфесионално и мултиетничко општество какво што е нашето.

Левица како политичка партија е единствен коректив на оваа Влада која секојдневно настојува преку секакви акти, постапки и процедури да го поттикне процесот на демакедонизација на Македонците.

Би можело да ве интересира

Левица: Државна лотарија како мегафон на власта – јавните пари се користат за дворски трубадури

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција

А1он

Левица: Нова милијарада евра кредит за отплаќање на долг наместо за развој

Левица: Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали