Левица: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и ДУИ ја задолжија Македонија за шест милијарди евра

Од:

Со гласовите „за“ на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и ДУИ, Собранието усвои меѓународен договор за ново рекордно задолжување од шест милијарди евра. Единствено Левица гласаше против. Особено загрижува начинот на кој договорот беше внесен во собраниска процедура – на шверцерски начин, преку политички договор со ДУИ и однапред координирана постапка. Седницата на Комисијата за надворешна политика, со која раководи претставник на ДУИ, беше итно закажана без претходна најава, со непочитување на деловничките рокови и без можност за суштинска јавна или експертска расправа. Ваквиот пристап претставува јасен доказ за договорено институционално шверцување на документот, со цел да се избегне транспарентноста и контролата што ја бара демократската процедура, тврдат од Левица.

„Со ваквото дополнително задолжување во време кога јавниот долг е веќе висок, Македонија се втурнува во состојба на финансиска зависност од странските кредитори и институции. Тоа значи дека државата сè потешко ќе ги сервисира своите обврски, што ќе го зголеми ризикот од финансиска нестабилност и дополнително ќе го ограничи економскиот суверенитет на земјата.

Договорот не предвидува никакви механизми на јавен надзор или отчетност. Во него нема информации за вклучување на домашни компании или работници, ниту се содржат заштитни клаузули во корист на националната економија. Недостасуваат и основни елементи на секој финансиски договор – не се наведени каматните стапки, роковите на отплата, грејс-периодот, ниту вкупната цена на задолжувањето за државата. Не е јасно дали каматната стапка ќе биде 2%, 4% или 8%, ниту колкав ќе биде периодот за отплата или кога ќе започне враќањето на долгот. Ваквата недореченост отвора простор за манипулација и финансиска неодговорност.

Во вакви услови, се создава подлога за клиентелистички зделки, коруптивни практики и партиски фаворизирани тендери зад затворени врати, без јавен увид или можност за контрола од страна на релевантните институции.

Дополнително загрижува тоа што договорот не создава никакви правно обврзувачки обврски. Тоа го претвора во симулација на надворешна политика и уште една алатка за политички маркетинг на Владата, која преку вакви документи си отвора простор неказниво да троши јавни пари под превезот на “меѓународно партнерство”.

Во случај на спор или штета по интересите на државата, договорот изречно исклучува каква било форма на судски или арбитражен процес. Тоа значи дека, доколку надворешната страна не го испочитува договорот, Македонија нема никаква правна алатка за заштита, што претставува директен удар врз правниот суверенитет.

Особено проблематична е клаузулата за „доверливост на информациите“, која забранува јавен увид, институционална проверка на процесите, трошењата и изборот на компании. Ваквата нетранспарентност овозможува тајни зделки, финансиски злоупотреби и системска корупција без можност за јавна, парламентарна или правна контрола.

Станува збор за договор што не само што ги заобиколува демократските процедури и јавниот интерес, туку и директно ја загрозува економската иднина и правната позиција на државата. Наместо развојна политика заснована на транспарентност, одговорност и вклученост на домашната економија, Македонија добива нова форма на долговна зависност без правна заштита и со сериозен ризик од институционална и фискална деградација, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он