Левица: Пратениците да ја донираат својата прва плата

Од:

„Левица силно ја поддржува иницијативата сите 120 пратеници во Собранието да ја донираат својата прва пратеничка плата за решавање на конкретни горливи проблеми во нашето општество.

Имајќи предвид дека изминаа 30 дена од конститутивната седница во Собранието, а пратениците не заседаваа ниеднаш, сметаме дека донирањето на пратеничката плата за случаи за кои е најпотребно е единствено правилно и доблесно и ја поттикнува солидарноста и граѓанската свест.

За да стигнат средствата кај оние на кои тие им се најпотребни и за да се избегне нејасната ситуација со пренасочувањето на средствата од откажаните новогодишни прослави, ги поттикнуваме граѓаните активно да се вклучат и да посочат конкретни проблеми кои самите ги сметаат за најприоритетни и врз основа на тие информации – пратениците поединечно или групно да донираат за посочената цел, а за тоа транспарентно и навремено да ја информираат јавноста. Ги охрабруваме граѓаните да пријавуваат социјално загрозени семејства, деца на кои им се потребни средства за лекување и слично.

Би сакале да ја видиме оваа иницијатива успешно реализирана во Македонија бидејќи знаеме дека ќе биде поттик и за многу други наши сограѓани да постапат исто. Воедно, ќе се обзнанат тешките животни приказни на наши сограѓани и ќе се актуализираат прашања кои се навистина суштински за нашето општество, како што е борбата против нееднаквоста.

Солидарноста е нешто што во нашето општество одамна стана апстрактна именка. Една од целите на Левица се однесува токму на тоа – да му го врати достоинството на обичниот човек преку враќање на солидарноста во колективот, преку враќање на личното чувство за одговорност како дел од заедницата и преку враќање на емпатијата кон сограѓанинот. Поинакво општество е можно, похумано општество е нужно“, соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он